На 30.11.2023 во Битола беше организиран завршниот настан на проектот Интеррег – ИПА ЦБЦ Грција – Република Северна Македонија 2014-2020 од страна на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот на Република Северна Македонија.
На свечената конференција се обратија директрот на Агенцијата Љупчо Јаневски, како и претставникот на проектот од Република Грција Анѓело Ставридис и градоначалниците на Општина Македонски Брод, Жарко Ристески и на Општина Крушево, Томе Христоски.




Вкупниот буџет на Програмата за периодот 2014-2020 година е 45. 470. 066 евра.
Во рамките на проектот ќе бидат снимени од регионите на Вардар до Галичица, езера, реки и водопади преку кој ќе бидат прикажани гранични природни и географски обележја на начин на кој досега истите не се посетени.
За подобра имплементација на овој проект ќе се одржат тренинг курсеви за туристички водичи со цел да се овозможи развој на туризмот а со тоа и понатамошно отварање на нови работни места.